Водителката Ивана Шопиќ на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со новата фризура. Ивана се одлучи за голема промена кога е во прашање нејзиниот физички изглед. Иако со години сите ја знаат како русокоса, таа се осмели и ја офарба косата во темна боја.
Како изгледа како бринета, Ивана сподели на Инстаграм, а многумина на прв поглед не ја препознале.
Таа насмеана позираше пред зградата на Пинк, во син комплет и бело сако, а многумина коментираа дека оваа боја совршено ѝ прилега.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Ивана Шопиќ неодамна зборуваше за конфликтот што го имала со Станија Добројевиќ и откри зошто „ја спушти топката“.

– Така одлучив. Како водителка сум доста ограничена во тоа што можам, а што не можам да кажам и многу луѓе би требало да бидат благодарни за тоа. Главно кога луѓето ме критикуваат дека сум „квази-водителка“, дека не сум водителка, многу полошо би поминале. Оневозможена сум да кажам нешто што многумина би ги интересирало, тоа не би било благодарно поради телевизијата каде што работам. Човек понекогаш мора да си го прегризе јазикот – рекла таа, пренесува „Блиц“.
Foto: Instagram/ printscreen/sopicka_






