Радио Милева породена пред три месеци

Лејди Гага не успеа во намерата да ги сокрие деталите за бебето – медиумите открија се’

Лејди Гага не успеа во намерата да ги сокрие деталите за бебето – медиумите открија се’

Пејачката Лејди Гага и нејзиниот вереник Мајкл Полански го добија своето прво дете, објави ексклузивно PageSix, меѓутоа, немаше информации за самата бременост и породување, бидејќи сè било направено во тајност.

Изводот од матичната книга на родените, до кој дошле од TMZ, го откри полот и името на новороденото дете на двојката, како и деталите за раѓањето.

Бебето е девојче по име Роуз Бин Полански. Родена е на 9 јуни во 23:19 часот во познатиот медицински центар „Сидарс-Синај“ во Лос Анџелес, болница каде што се породиле многу познати личности.

Иако „Дејли меил“ се обиде да стапи во контакт со претставниците на Лејди Гага, тие не добиле одговор.

Името Роуз има особено емотивно значење за Гага, чија баба по мајка била покојната Вероника Роуз „Рони“ Фери Бисет.

Веста дека Лејди Гага и Полански добија дете првпат се појави минатата недела, откако пејачката мистериозно се повлече од јавноста неколку месеци.

фото: Screenshot/ You tube

To top