Славната актерка Шерон Стоун уште еднаш покажа дека не се плаши да зборува за најинтимните делови од својот живот, откривајќи дека веќе подолг период практикува целибат бидејќи одбива да прави компромиси со плитки авантури.
Во искрено интервју со актерката Мајим Биалик во нејзиниот подкаст, холивудската ѕвезда објасни дека едноставно ѝ станало здодевно да биде со луѓе само за краткотрајна забава.
68-годишната икона потенцираше дека нејзините деца се веќе возрасни и дека нејзините стандарди денес се на многу повисоко ниво. Таа повеќе не бара некого само за секс, туку е во потрага по автентичен животен партнер со кого ќе може да изгради вистинска, длабока поврзаност.
View this post on Instagram
Осврнувајќи се со насмевка на своето емотивно минато, Стоун призна дека била во врски со секакви мажи – и добри и лоши – но се уште верува во љубовта. И покрај богатиот животен стаж, таа смета дека сè уште ја нема почувствувано онаа една, вистинска и голема љубов, па затоа ја користи оваа фаза како период на упорност за да го добие тоа што навистина го заслужува.
фото:Instagram printscreen/sharonstone





