Радио Милева временска машина

Лудило на Инстаграм: Македонската естрада се врати во 80-тите, нема да верувате како изгледаат! (Галерија)

Лудило на Инстаграм: Македонската естрада се врати во 80-тите, нема да верувате како изгледаат! (Галерија)

Експлозија од неонски бои, тапирани коси, гломазни обетки и препознатливиот „мулет“ стил! Ова е глетката која деновиве буквално ги преплави социјалните мрежи.

Новиот вирален предизвик со наслов „Прашај го ChatGPT како би изгледал во 80-тите“ стана апсолутен хит на Инстаграм, а на него не остана имуна  ниту македонската јавна сцена.

Предизвикот направи вистински спој на генерациите – додека дел од нашите познати фаци навистина го затекнале или барем малку го запомниле тоа време во своето детство, помладите за првпат добија шанса да видат како би се вклопиле во таа ера.

Резултатите се брилијантни, смешни, но и неверојатно стилски! Музичкиот продуцент Јован Јованов и фитнес-инструкторката и кошаркарка Едина Муса ги запалија мрежите со фотка во спортски дух.

Вистинско изненадување приреди реперот Таско и неговата сопруга, кои со децата „отпатуваа“ на плажа во Сутоморе во далечната ’84 година. Таско со легендарната „фудбалерка“ (мулет) фризура, мустаќи, тексас шорцеви и шарена кошула изгледа како вистинска рок ѕвезда од минатиот век.

Осамна фотографии уште многу,многу ѕвезди кои со изгледот предизвикаа волемо внимание.

Антониа Гиговска ,Јана Стојановска, ТВ-водителките Сања Савеска и Милена Антовска, Перо Антиќ  заедно со неговата партнерка Сања,  Елена Ристеска,  Александар Тарабунов… и уште многу други.

Сите тсподелија свои верзии во кои доминираат фармерки со висок струк, кожени јакни, диско сјај и тони лак за коса. Овој предизвик уште еднаш покажа дека модата од 80-тите има некоја посебна магија на која никој не може да и одолее. Сепак, може да се забележи и дека делумно и тековно ја живееме модата од тоа време и денес, само минимално модифицирана.

Иако станува збор за вештачка интелигенција, мора да признаеме дека на некои од нашите ѕвезди овој стил им стои толку добро, што можеби треба да размислат да го вратат да го имплементираат од својот стилски израз.

Која трансформација е вашиот фаворит? Погледнете ги галеријата и одлучете самите.

сергеј варошлија и љупка митрова
Елена Ристеска

 

Сања Цинцева

 

Дијана ОГ
Катарина Ивановска
Милена Антовска
Антониа Гиговска
Јана Стојановска
Сања Савеска
Александар Тарабунов

фото:Instagram printscreen/Gemini

To top