Радио Милева „поглед во една насока“

Секси провокацијата на познатата фитнес инструкторка Ана Стојанова ги „зовре“ машките погледи

Секси провокацијата на познатата фитнес инструкторка Ана Стојанова ги „зовре“ машките погледи

Eдна од најатрактивните фитнес инструкторки кај нас, Ана Стојанова, уште еднаш докажа дека точно знае како да ги запали социјалните мрежи и да го крене адреналинот кај своите следбеници.

Овој пат, таа сподели ултра провокативна и секси фотографија која во преден план го става нејзиниот совршено заоблен задник, оставајќи малку простор за фантазија и предизвикувајќи лавина од жешки коментари и воздишки во јавноста.

Ана, која во јавноста е препознатлива по својата извајана фигура и брутална искреност, испрати директна порака до сите кои сонуваат за совршено тело:

„Сигурна сум дека не тренираш вака! Епааа… нема кај да бегате. Го снимив веќе!“. Со оваа секси провокација, таа официјално го најави својот најнов шестнеделен „Booty Challenge“ во рамките на нејзината платформа „Peach Army 3.0“. Станува збор за интензивен предизвик наменет за постигнување рамен стомак и максимално заоблен задник, со тренинзи прилагодени за вежбање од дома или во теретана.

Како вистински „инспектор за совршени облини“, Ана открива дека поминала месеци во пронаоѓање на совршената формула која носи брзи и видливи резултати, а сега е подготвена да ја сподели со својата армија на следбенички.

Официјалниот старт на ова согорување на калории е закажан за 16-ти ноември, а судејќи по почетната фотографија, девојките ги очекува жестока и динамична работа, додека машката публика со сигурност ќе продолжи будно да го следи секој нејзин следен чекор.

фото:Instagram printscreen/annstojanova

To top