Радио Милева амбициозна убавица

По стапките на мама Светле: Шармантната Моника Црнокрак се враќа на малите екрани во сосема нова улога

По стапките на мама Светле: Шармантната Моника Црнокрак се враќа на малите екрани во сосема нова улога

Познатата македонска убавица Моника Црнокрак, која домашната јавност најдобро ја препознава по нејзиниот маркантен изглед и успесите на модните писти, донесе одлука повторно да му се врати на телевизискиот ангажман.

Откако претходно имаше можност да ги направи првите чекори пред камерите во емисиајата на Миро Кацаров, и целосно да ја освои публиката со својата непосредност, таа реши дека телевизијата е повик на кој вреди повторно да му се посвети.

Овој пат, судејќи по нејзините најнови социјални објави, убавата Моника ќе ја гледаме во емисијата „Со Моника на Тројка“ на МРТ 3 каде нејзин гостин е пејачот Давид Темелков.

Со овој потег, Моника сигурно чекори по стапките на својата мајка, преубавата Светлана Црнокрак, која со години е препознатливо тв лице и успешна презентерка на вести. Иако крвта не е вода и модата со сигурност ѝ е запишана во гените благодарение на семејниот бизнис на нејзините родители Мики и Светле, Моника уште еднаш докажува дека нејзините амбиции и таленти се многу пошироки од само едно дефиле на пистата.

Сепак, она што е најинтересно за неа е дека таа цврсто стои на земја кога станува збор за образованието и кариерата. Вистинската професија на Моника е всушност дипломиран маркетинг менаџер, откако успешно ги заврши студиите на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Моника вешто и мудро успева да го сочува својот семеен мир и приватност подалеку од естрадните озборувања. Таа е во среќна и долгогодишна љубовна врска со својот партнер Виктор, со кого споделуваат заедничка пасија кон патувањата и спортот.

Со ваква рамнотежа меѓу убавината, интелектот и харизмата, нема сомнеж дека Моника ја очекува уште една успешна телевизиска сезона!

фото: instagram printscreen/mcrnokrak

To top