Сузана Гавазова ги изненади своите бројни обожаватели во дијаспората со последната објава на социјалните мрежи. Иако сè беше подготвено за нејзиното големо патување и долгоочекуваните настапи, работите тргнаа во сосема поинаков и неочекуван правец, оставајќи ја и самата пејачка во неверување за текот на настаните.
Популарната фолк-ѕвезда, која е позната по своите настапи ширум светот, со големо разочарување мораше да ги откаже плановите за претстојниот голем настан во Чикаго.

И покрај нејзината желба и подготвеност за средба со македонската публика, административни пречки во последен момент ги расипаа плановите на целиот нејзин тим.
За да ја расчисти ситуацијата и да ги спречи евентуалните шпекулации, Гавазова се огласи јавно и директно се обрати до нашинците во САД, посочувајќи дека вината за оваа непријатна ситуација не е кај неа и нејзините соработници. Самата таа е изненадена од ваквиот развој на настаните, со оглед на тоа што досега патувањата од овој тип секогаш поминувале во најдобар ред.
„Драги мои Македонци во Америка, со голема жал ве известувам дека јас и Оркестар Маестрал, за жал, нема да можеме да бидеме дел од 52-та Македонска конвенција во Чикаго. Причината е непредвиденото доцнење со визите. Сакав да нагласам дека ова не е до мене. Јас и Маестрал сме биле повеќепати и во Америка и во Австралија и досега никогаш немало никаков проблем со нашите визи и патувања. Навистина ми е жал што оваа година нема да можеме да се дружиме и да пееме заедно. Знам дека многумина од вас со нетрпение ја очекуваа нашата средба. Можеби би било добро и организаторите да се изјаснат околу целата ситуација, за да биде појасно што точно се случи со постапката. Ви благодарам од срце за разбирањето, љубовта и поддршката. Се надевам дека многу скоро ќе се видиме и ќе надоместиме.“- стои во објавата на социјалните мрежи.
Според обраќањето на Гавазова, пејачката суптилно ги повика и самите организатори на конвенцијата да ја разјаснат постапката и да дадат одговор на прашањето што точно тргна наопаку.

Фановите веднаш упатија зборови на поддршка, надевајќи се дека оваа пречка брзо ќе се надмине и дека Гавазова наскоро повторно ќе ги забавува Македонците преку окенот.
фото:faceebook/ Suzana Gavazova





