Мегафон тажна вест

На 62 години ненадејно почина хрватскиот музичар Дени Кожиќ

На 62 години ненадејно почина хрватскиот музичар Дени Кожиќ

Хрватската музичка сцена остана без уште едно познато име.

На 62-годишна возраст ненадејно почина познатиот загрепски гитарист и кантавтор Дени Кожиќ, кој во текот на својата долгогодишна кариера соработуваше со некои од најголемите рок бендови на овие простори.

Тажната вест за неговото заминување ја потврди неговата издавачка куќа „Далас рекордс“. Кожиќ на пошироката јавност во регионот ѝ е добро познат по неговиот ангажман во култни состави како што се „Психомодо поп“, „Пипс, Чипс и Видеоклипс“, како и групата „Филм“ на Јуре Стублиќ.

Публиката особено ќе го памети по неговото појавување во култниот музички спот за песната „Добре вибрације“ на Јуре Стублиќ и „Филм“, каде што свири гитара на покривот на една зграда на загрепскиот плоштад Бан Јелачиќ.

Својот музички пат го започна уште во училишните денови, а во текот на кариерата, покрај свирењето во големите рок бендови, работеше и на сопствени кантавторски проекти. Во 2014 година го објави својот прв соло-сингл „Nasukan“, со кој започна ново поглавје во кариерата, по што следуваа уште неколку успешни песни и соработки.

Причината за неговата ненадејна смрт засега не е соопштена во јавноста.

фото:Instagram printscreen/d_e_n_i__d_e_n_y

To top