Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал – сеедно… Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото.
И речено-сторено! Прзникот е голем, можеби најголемиот христијански – Божиќ! Денот пред тоа – Бадник, кога многумина вртата лепче или пита и ја бараат паричката, Снеже Велков и годинава реши да си ја „побара белјата“? Или можеби – не, туку само сакаше да си ја продолжи традицијата токму на денот да се капе. Ама не под туш, во топло џакузи или када, туку во студените морски води на Егејот!
Па водителката за деновите на Рождеството Христово, за време на празничниот престој во јужното соседство заврши во морето. Студената вода за сите смрзнувачка, за неа предизвикувачка… Иако навидум слабичка и нејака, она што повеќето не би го направиле ни за жива глава, Снеже го направи без мака… И тоа не заради фалење и слава, туку заради продолжување на соптвената традиција што самата си ја задала: На Бадник да се избања во студената морска вода!
Подвигот насловен: Бањање во море сред зима „клета“, на Бадник 2025-та.
Предизвикот иако навидум краткорочен, сепак смрзнувачки, зашто… Ладно е кочан!
Искушението е само едно: Да се премрзне или да си седам мадро?
Задачата која можеби еден ден ќе ја продолжи и подмладокот во фамилијатѕа – Да се продолжи традицијата!?
Мислата, онаа најчеста: Троа будалеста!
Ја знаат ли од дома? И може ли некој сериозно ова да го сфаќа? Исто им се фаќа!
Добра ли си? – е прашањето кое одговор веднаш бара, а одговорот: Изгледот вара!
Радоста:Голема… колку целата вселена!
Зборот – кажан и што е најважно… Одржан!
И после? После ич не е ладно… Или така и се чини!
И што со тоа? Победа на умот, на времето, на препреките и предрасудите… Или само уште една од заблудите?
Како и да е, на шега на смеа… Пишете 1:0 за неа!
Голем е денот, нека се големи и радостите!
За сите нас и секако за неа, Снеже Велков, која не им одолева на предизвиците, им оди во пресрет на подвизите, сама се соочува со искушенијата… Во име на денот, радоста и традицијата, која самата си ја воспоставила!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм