Радио Милева тажна вест

Згасна млад живот: 19 годишната филмска ѕвезда загина во тешка сообраќајна несреќа

Згасна млад живот: 19 годишната филмска ѕвезда загина во тешка сообраќајна несреќа

Кејли Хотл, позната млада глува актерка почина на 19. години. Ќе остане запаметена по улогите во филмовите „Годзила против Конг“ и „Годзила х Конг: Ново царство“.

Актерката трагично настрада во сообраќајна несреќа која се случи во вторникот наутро во Мериленд, а за тоа извести нејзиниот татко. Нејзиниот татко на знаковен јазик во видеото кое го објави откри за што се работи.

-Одам на лет на кој никогаш не би сакал да одам, напиша покрај видеото. Џошуа за ТМЗ изјави пред наутро на 21 јули дознал за тешката несреќа и дека му било кажано дека неговата ќерка починала на патот до болница.

Во видеото додаде дека лета од Тексас во Мериленд за да го преземе телото на својата ќерка. Кејли и нејзините родители се глуви лица, а како што пишува Хјустон Хроникл, глувоста е присутна во четири генерации на семејството на нејзиниот татко. Тексашката школа за глуви, која Кејли ја посетуваше, објави соопштение по повод нејзината смрт.

-Со длабока тага ја споделуваме потресната вест дека една од нашите матурантки, Кејли Хотл, вчера трагично почина во сообраќајна несреќа во Фредерик во Мериленд, објави школото на Фејсбук. Нашите срца се со семејството на Кејли, пријателите, другарите од одделението и сите кои ја познаваа и сакаа во овој неверојатно тежок момент.

Школото ја замоли јавноста да ја почитува приватноста на семејството.

Во моментов имаме многу малку информации и ги замолуваме сите да ја почитуваат приватноста на семејството на Кејли и да се воздржат од споделување или нагодување за околностите на несреќата, наведено е во објавата.

Во интервју за Хјустон Хроникл Кејли раскажа дека нејзината актерска кариера почнала во 2017 година, кога се појавила во реклама за апликацијата Конво. Таа реклама го привлече вниманието на продуцентите на филмот „Конг: Островот на черепите“, кои заклучиле дека одговара на описот на ликот на Џија, сираче кое со Кинг Конг комуницира со знаковен јазик. Во филмот „Годзила против Конг“ глумеше покрај Александар Скарсгард, Мили Боби Браун, Ребека Хол и други.

Нејзиниот лик, Џија, е посвоена ќерка на докторката Илен Ендруз, која ја толкува Хол. Кејли, Ребека Хол и Брајан Тајри Хенри ги поновија своите улоги во продолжението од 2024 година. Ново продолжение е најавено за март 2027 година, но според достапните информации, Кејли и Хол не се дел од тој проект. Покрај улогите во франшизата, Кејли во 2021 година глумеше и во епизода од серијата „Магнум П.И.“. За улогата во филмот „Годзила х Конг: Ново царство“ од 2024 година беше номинирана за наградата Сатурн за најдобра изведба на млад актер.

фото:instagram printscreen/kaylee_hottle

To top