Македонската музичка сцена доби уште едно освежување за ова лето! Популарниот состав Здраве Мјузик деновиве ја промовираше својата најнова песна со наслов „Јаве и сон“, нумера која уште по првото слушање плени со својата мелодија, емоција и препознатлив музички печат.
Песната премиерно беше пуштена во етер преку програмата на сателитската телевизија ИН, а истовремено својата премиера ја доживеа и на YouTube, каде веќе го привлекува вниманието на љубителите на македонската музика.

Особено внимание привлекува и видеоспотот за песната, кој е реализиран во продукција на EIN Production, а преку впечатливите кадри дополнително ја доловува атмосферата и пораката на ова музичко остварување.

„Јаве и сон“ е веќе достапна на нашиот YouTube канал! Голема благодарност до тимот на ИН Продукција кој се погрижи нашиот спот да изгледа вака и до сите учесници во спотот, исто така благодарност до Христијан Латкоски за музиката и продуцентот Андреј Ник за финалниот дел од музиката“ – споделија членовите на бендот.

Со новата песна „Јаве или сон“, Здраве Мјузик воедно ја најавуваат и својата претстојна турнеја низ Австралија закажана за месец ноември која веќе предизвикува огромен интерес кај македонската дијаспора на најдалечниот континент.

Од бендот најавуваат дека до почетокот на ноемвриската турнеја ќе има уште неколку интересни музички изненадувања, кои дополнително ќе ја израдуваат нивната верна публика.
Дотогаш, препуштете се на летните вибрации и уживајте во најновата песна „Јаве или сон“ – песна кој има сè што е потребно да стане еден од најслушаните музички проекти ова лето.






