Радио Милева гори

Македонскиот топ-модел Елена Реи носи жешка летна бура – од овие кадри застанува здивот

Македонскиот топ-модел Елена Реи носи жешка летна бура – од овие кадри застанува здивот

Познатиот македонски топ-модел Елена Трајановска, во модниот свет препознатлива како Елена Реи, уште еднаш докажа зошто е едно од најбараните имиња на светските писти.

Овој пат, споделувајќи серија неверојатно провокативни и атрактивни фотографии од нејзината најнова летна кампања чија изработка ја видоавме неодамна.

На објавените кадри, кои веднаш го привлекоа вниманието на социјалните мрежи, убавицата позира на карпест брег покрај кристално чистото море, облечена во елегантен и екстремно секси едноделен црн костим за капење без прерамки кој совршено ја нагласува нејзината беспрекорна, извајана фигура.

Модната кампања е снимена за познат бренд, каде Елена со својот неодолив сексапил, преплавениот тен и заводливите пози покрај синилото внесува вистинска доза на софистициран гламур и летна еротика.

Стилските кадри, дополнети со шик црн шешир и впечатлив накит, ја прикажуваат манекенката во досега највпечатливо и најжешко издание, оставајќи ги без здив нејзините бројни следбеници кои деновиве баш имаат што да видат.

Еднпоставно, женска летна перфекција!

фото:Instagram printscreen/elena__rei/Chat Gpt

To top