Познатата јога инструкторка Лејла Рамновска уште еднаш ги помести границите на возможното и ја шокираше јавноста со својот најнов екстремен потег кој никого не го остава рамнодушен, а бобами ги остави сите подзинати.

На објавеното видео на социјалните мрежи, Лејла изведува една од најпредизвикувачките и физички најекстремните древни техники за декомпресија на ‘рбетот, каде што лебди целосно во воздух во лотос позиција, прицврстена и обесена само преку посебен ремен околу главата.
View this post on Instagram
Овој неверојатен приказ на ментална и физичка сила на прв поглед изгледа застрашувачки за обичниот гледач, но за неа претставува длабок процес за кој е целосно подготвена.
Околу овој свој радикален подвиг се огласи и самата Рамновска која на своите следбеници им порача:
„Една крајност. Експеримент за кој сум подготвена. Но не со сила, туку контрола на телото, умот и дишењето“.

Со оваа изјава таа јасно стави до знаење дека зад оваа шокантна глетка стојат години напорни тренинзи и апсолутна внатрешна рамнотежа, уште еднаш докажувајќи ја моќта на јогата како животна филозофија.
фото:Instagram printscreen/lejlaramkovska





