Радио Милева само за него

Заедно пред камери во чест на татка си: Ретка глетка од трите деца на Мајкл Џексон (фото)

Заедно пред камери во чест на татка си: Ретка глетка од трите деца на Мајкл Џексон (фото)

Специјалната вечер во чест на кралот на попот во лондонскиот театар „Принц Едвард“ ги собра сите три деца заедно.

Принц Џексон, Парис Џексон и Биги Џексон пристигнаа заедно на премиерата на мјузиклот за животот на нивниот покоен татко Мајкл Џексон,  “MJ: The Musical”, а нивното доаѓање е навистина редок случај на појавување на наследниците на музичари кои ја одбележаа музичката сцена на крајот на 20-ти век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PPB Jackson (@prince.paris.bigi)

Додека 27-годишниот Принц и 22-годишниот Бланкет (кој е попознат како Биги) пристигнаа облечени во црни костуми, нивната 25-годишна сестра Парис се одлучи за романтичен фустан со елегантен дизајн во нијанса на портокалова. Прекрасниот фустан е дел од колекцијата на модната недела во Париз на Џамбатиста Вали, есен/зима 2023/2024 година.

Нивниот заеднички настап како трио се одвиваше среде турбулентна семејна правна драма, а можеме да го сфатиме и како јасен став на наследниците да се држат заедно.

Имено, најмладиот син Биги неодамна се спротивстави на својата баба и мајка на популарниот Џексон, забранувајќи и да користи пари од наследството на музичарот во правна битка. Тоа е последното поглавје во правната битка за имотот на Мајкл Џексон, речиси 15 години по неговата смрт на 25 јуни 2009 година.

Од документите не се знае за што точно се работи, но се шпекулира дека се работи за продажба на половина од каталогот на музичарот за 600 милиони долари.

фото:Instagram printscreen/ michaeljackson/ prince.paris.bigi

To top