Радио Милева огромна чест и задоволство

Зад сцената на „Никогаш не е доцна“: Огнен Здравковски на гости кај Жика  (фото)

Зад сцената на „Никогаш не е доцна“: Огнен Здравковски на гости кај Жика  (фото)

Македонскиот пејач Огнен Здравковски се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и сподели дека се дружел со ѕвездите од популарното шоу „Никогаш не е доцна“.

Здравковски, кој беше меѓу финалистите  во „Ѕвездите на Гранд“ и оттогаш секогаш е во акција кога музичката кариера е во прашање, на огромно задоволство  гостувал  и во емисијата кај легендарниот Жика Јакшиќ.

Младиот пејач сподели дел од атмосферата зад сцената на шоуто, а пред следбениците ги објави  моментите кои му значат.

Имено,  Огнен  гостувал во петтиот круг а во таа прилика се фотографирал со Жика и му се заблагодари на поканата.

– На моја огромна чест и задоволство денеска бев гостин во емисијата “Никогаш не е доцна” кај легендарниот Жика! Ви благодарам на поканата и на преубавата атмосфера! За брзо добивате датум кога да не гледате – напиша во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognen Zdravkovski (@ognenzdravkovski)

Огнен, не ја пропуштил приликата да се фотографира заедно и со познатиот пејач Драган Којиќ Кеба, па и таа ја сподели во јавноста, преку кратките приказни.

Жика и Огнен случајно или не се облекле потполно исто, во црн костум со бела кошула, додека Кеба единствено различно од нив носи само црна блуза.

Огнен со својот настап веројатно ја воодушевил публиката, а можноста кога ќе ја гледаме емисијата, како што напиша наскоро ќе јави.

фото: printscreen/instgaram

To top