Водителката на „Елита“ не крие колку ужива во животот.
Ана Радуловиќ, водителката на познатото реално шоу „Елита“, помина низ тежок период во животот кога таа и нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Мирче Радуловиќ донесоа одлука да стават крај на долгогодишниот брак.
Активна е на социјалните мрежи каде често споделува моменти од приватниот живот.
Атрактивната водителка сега ги воодушеви своите фанови со нова објава на Инстаграм.
Имено, таа сподели фотографија од Турција. Ана позираше во тесен и краток зелен фустан кој никого не остави рамнодушен.
„ На ова чувство нема да му дозволам да замине“, напиша Ана во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Да потсетиме, водителката на крајот на минатата година ја информираше јавноста дека се разведува:
– Со оглед на тоа што и двајцата сме дел од јавниот живот, сакаме да ве информираме дека донесовме заедничка одлука да се разделиме. Заради интересите на нашиот син, ние веќе нема да зборуваме на оваа тема, ниту да коментираме, ниту да даваме изјави. Виновникот не е трето лице, ниту пак семејно насилство, туку наша одлука, па поради горенаведената причина, бараме да нема шпекулации или наслови од сомнителен карактер. Ви благодариме за секогаш прекрасните соработки, кои се надеваме дека ќе продолжат и во иднина и веруваме дека ќе ја почитувате нашата одлука, а исто така разбирате зошто повеќе нема да зборуваме на оваа тема – изјави тогаш Ана за Pink.rs.
фото: Printscreen/instgaram/ana.radulovic