Радио Милева се враќа

Водителката Бојана Лазиќ открива нови детали за здравствената состојба на Зорица Брунцлик

Водителката Бојана Лазиќ открива нови детали за здравствената состојба на Зорица Брунцлик

Водителката Бојана Лазиќ откри дека пејачката Зорица Брунцлик се враќа во „Пинкови ѕвезди“ следната недела.

Имено, Зорица беше неодамна беше итно хоспитализирана и оперирана, а многу луѓе беа загрижени за неа. Сега Бојана рече дека пејачката се опоравува.

– Се враќа, тоа е последната информација. Веќе имаме снимање следната недела, среда, четврток и мојата последна информација, која ја добив преку нашата официјална група каде сите се согласуваме за снимањето, е дека Зорица се враќа. Навистина би сакала да биде така, целосно да се опорави и да се врати – изјави таа за „Република“.

– Фали Зорица, искрено. Зорица има сериозна тежина во нашата конкуренција, сериозна ѕвезда, сериозна пејачка… Многу елоквентна жена. Таа и Десингерица ми се многу интересни – вели Бојана.

фото:Instagram printscreen/zoricabrunclik_official

To top