Радио Милева папарацо лов

Во вакво издание не сте ја виделе: Еве каде е „уловена“ Мелина Џиновиќ по разводот (фото)

Во вакво издание не сте ја виделе: Еве каде е „уловена“ Мелина Џиновиќ по разводот (фото)

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ е една од главните теми на медиумите откако јавноста дозна дека се разведува од пејачот Харис Џиновиќ, а сега е „уловена“ како се разубавува.

Харис и Мелина имале навидум хармоничен брак, но по 22 години љубов и ставија крај на љубовта. Како што кажа и самиот пејач, не знае зошто сопругата го оставила, но и двајцата собрале сили и продолжиле понатаму.

Мелина, која важи за вистинска убавица, е уловена во несекојдневно издание, на фризер.

Модната дизајнерка се посветила на себе и на својот изглед за кој одвоила неколку часа, а екипата на „Paparaco lov“ ја фатила со алуминиумски фолии на главата.

Имено, Мелина извадила прамени и ја освежи бојата, а додека чекаше бојата да ја „прими“ ја искористи приликата да запали цигара и да се напие кафе.

После тоа со нова фризура тргнала кон автомобилот и се упатила во непознат правец.

Да потсетиме, неодамна во медиумите се појави вест дека Мелина решила да го смени презимето и да се врати на моминското презиме – Галиќ, но со оглед на тоа дека сѐ уште не се формално разведени, сепак тоа е Џиновиќ.

Фото: printskrin/paparaco lov

 

To top