Радио Милева топло време

Во очекување на летото: Познатите Македонки веќе распослани во бикини на плажа

Во очекување на летото: Познатите Македонки веќе распослани во бикини на плажа

Топлата сезона е тука, температурата ги задоволува нормите за сончање, а македонските познати дами побрзаа да се забавуваат под сонцето.

Летото е на прагот, социјалните мрежи веќе се полнат со жешки фотографии каде познатите позираат во бикини, а сега издвоивме едни од нив кои ова утро го дочекаа на море и се пофалија пред нивните следбеници, за да ги инспирираат и нив што побргу да го направат истото. Додека пак, за они кои е уште рано, барем да уживаат во глетката која им ја сервираа познатите Македонки.

 Мартија Станојковиќ

Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ е една од оние кои уживаат во овој период. Таа на социјалната мрежа Инстаграм сподели заводливи фотографии  во бикини оставајќи место за фантазија.

Мартија го покажа нејзиното затегнато тело, додека тенкиот струк и градите ги стави во фокус,  покрај кожата која свети од кремата за сончање, за да се штити од зраците.

Елена Стефановска

Екс – ТВ водителката и актуелна инфлуенсерка Елена Стефановска уште одамна ја отвори сезоната за сончање и капење. Таа обожава да е покрај морето , па и сега  ужива  на плажата. Елена повторно ги воодушеви фановите со уникатно  издание, а жешките денови што следат дефинитивно планира максимално да ги искористи, како и секогаш.

Емилија Розман

Поздрав од удобните лежалките прати и Македонската мисица,  манекенка, модел и сопственичка на ланец цвеќарници и продавници за украсување и декорација – Емилија Розман.

Розман удобно сместена со коктел во рака за освежување и со насмевка од уво до уво во описот на фотографиите напиша дека поминува  одлично време под сонцето.

Розман објави серија атрактивни фотографии на кои позира во окераст костим за капење, со кој долгоногата убавица додаде  дополнителна доза на заводливост на нејзиниот целокупен изглед.

Така, сега за сега, она што ни преостанува е да ги следиме профилите на познатите во исчекување на нивните што пожешки летни авантури.

foto: printscreen/instagram

To top