Во зависност од тоа колку години имате, вашето либидо е на највисоко ниво во одредени периоди од денот.
Физичкиот, т.е. телесниот часовник се менува со возраста. Всушност, тој го контролира секој систем во телото, илјади милијарди клетки, тврди д-р Пол Кели, клинички истражувач на Универзитетот во Оксфорд, пишува Independent.
Во кое време од денот е најдобро да имате секс според возраста? Д-р Кели одговара:
Дваесетти – Д-р Кели објаснува дека за луѓето во нивните 20-ти, врвот на сексуалната енергија е околу 15 часот.
Доколку сте во триесеттите, телесниот часовник работи во овој период за да се будиме порано, но и дека секс порано во денот е одлична идеја за оваа група. Д-р Кели вели дека 8:20ч наутро е најидеално време за секс бидејќи сончевата светлина го зголемува тестостеронот кај мажите и кај жените.
Во четириесеттите, најидеално време е пред спиење. Колку сме постари, толку порано одиме на спиење, па докторот советува малку страст после 22 часот, пред спиење.
Во педесеттите идеално време од денот е 22 часот.
За време на оргазмот се ослободува окситоцин, кој уште се нарекува и хормон на будност, а со оглед на тоа што постарите сакаат да спијат порано, малку интимност е најдобро околу 20 часот ако сте во 60-тите.
И ако имате седумдесет, во овој случај важи истата теорија како и за 60-годишниците. Постарите стануваат порано, околу 6:30 часот, па со задоволство си легнуваат порано.
Извор: Кајгана