Радио Милева само весело

Во „Брза кујна“ готвењето сопре, на новогодишното мени е тимско врцкање со колкови – еве кој колку го бива (ВИДЕО)

Во „Брза кујна“ готвењето сопре, на новогодишното мени е тимско врцкање со колкови – еве кој колку го бива (ВИДЕО)

Лажиците се подготвени, тавите загреани – време е повторно да се вклучи брзината и вкусот и од новогодишното кулинарското шоу „Брза кујна“. Само денес со исклучок, мени секако ќе има, но истото е ставено со примарен шмек на добрата забава, пеење и врцкање со колкови.

Од стартот на тековната 11- та сезона, на тимот му се случија многу снимања, асистенти, мноштво рецепти, ама и доста лични искушенија, предизвици и промени.

Шеф Никола драстично ослабе и ја раситни петтата животна децнија, шеф Боби пак до неодамна закрепнуваше од повредата на ногата, а пак на негово место го гледавме и шеф Зоки. А потоа следеше и роденденската забава на Боби, исто така за 40-от роденден.

Сања како и секогаш остаана ведра, позитивна и насмеана за да биде главната домаќинка која ќе ги води сите во кујната пред камери.

Сега за испраќање на годината, тимот реши разиграно како што е ред да ве почести со еден танц на познатата „Макарена“, а бидејќи за пајдушко оро покажаа дека не баш се синхронизирани, еве како излезе тимското врцкање на нешто помодерен ритам.

-За пајдушко не не бива, за Макарена сме тапа, ама затоа за добра забава секогаш сме спремни- стои во описот на омилениот тим.

Само весело како и секогаш, а за тоа кој колку го бидува, е најмалку важно!

фото:Facebook/ Брза кујна

To top