Познатата македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска – Бејби која е активна на социјалните мрежи, овој пат ги изненади нејзините фанови со моќна новогодишна честитка низ која раскажа за промените.
Така, наместо класични желби таа сподели лична приказна за промените кои ги воведува во новиот годишен период.
– Нема повеќе толеранција за токсичните луѓе – јасна беше Бејби во нејзиниот став за новата 2026 година за која вели дека не и е „нова шанса“ туку филтер.

Актерката веќе направи чистка, а сето тоа убаво го проследи и со фотографии покрај зборови кои доволно објаснуваат.
– Ги тргнав луѓето што ми ја крадеа енергијата. Ги задржав границите што ме чуваат жива. После две години што ми го тестираа телото и трпението, научив едно: мирот не се преговара. Во време кога вредностите се разлабавени, јас си ги зацврстив моите.
Заклучокот е дециден: „Мал круг. Јасни правила. Нула објаснувања. Ова не е мотивација. Ова е одлука“ – напиша Бејби.
Потсетувајќи дека „здравјето е линија која не се преминува“.

Фановите веднаш реагираа со поддршка, споделувајќи многу срциња и согласувајќи се со напишаното со што Бејби продолжува да инспирира со автентичност.
Foto: Instagram/ vesnapetrushevska





