Животот е полн со изненадувања со лесни и тешки моменти кои нам ни се допаѓале или не, едноставно се случуваат… И тоа најчесто кога најмалку очекуваме, кога мислиме дека се’ е во ред, итајќи да стигнеме да ги пофаќаме сите важни и неважни работи, заборавајќи на едно… И тоа она најважното – сопственото здравје.
Една од оние јавни личности која повторно ја шокираше јавноста со својот здравствен проблем е македонста актерка Весна Бејби Петрушевска. Нејзината неодамнешна емотивна објава за борбата со најопаката болест – ракот многумина изненади, исплаши, растажи… Но, актерката не застана, не се предаде, туку тргна да се бори… Фаќајќи се во костец и со опаката болест и со времето кое во таа борба ти е најголемиот непријател.
Во борбата против ракот на дојка, таа не е само сведок. Таа е симбол на храброст, поддршка и инспирација за сите жени. Со својата емпатија и посветеност, ја носи пораката дека животот, без разлика на предизвиците, вреди да се живее со полна енергија.
Храбрата хероина, сега откако го направи првиот чекор, отстранувањето на канцерот на градата, за да ја подигне свеста за грижата за женското здравје направи уште еден похрабар – ги покажа лузните од операцијата!
View this post on Instagram
Покрај споделената фотографија по хируршкиот зафат, Весна Бејби сподели статус, потсетувајќи дека тековниот месец октомври е и месец на борба против ракот на дојката.
„Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба….и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме востание. Долга е борбата.Секоја битка е добиена војна.Немам време за луѓе кои се бават со сњ,освен со самите себе.Тука сум за да иставам мое наследство,во театар,телевизија,мои деца и деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи.Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед. Мамографија, гинеколог. Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да сакате себеси.Еден е животот и не замижувајте.
На 6 месеци ехо, на година дена мамографија!Памет во глава“ – споделила актерката поттикнувајќи ги сите жени на што поголема грижа за сопственото здравје. Зашто што и да е, па и најтешката болест, ако е откриена навреме, постои можност да се излечи!
Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska