Пејачката Илда Шаулиќ и нејзината мајка Гордана Шаулиќ ги пречекаа медиумите и бројните гости кои дојдоа да му оддадат почит на пејачот Шабан Шаулиќ на концертот одржан во Сава Центарот, организиран во негова чест. Мајката и ќерката со силни емоции зборуваа за оваа посебна музичка вечер, организирана на денот кога Шабан трагично го загуби животот пред седум години. Тие нагласија дека поддршката од публиката и колегите им значи многу, бидејќи им дава сила да го зачуваат споменот на него преку песна и заедништво.
– Ова не е само концерт, туку вечер на љубов, спомени и благодарност. Тато живееше за музиката и публиката, и веруваме дека би бил горд што неговите песни се пеат и денес – рече Илда, не криејќи ги своите емоции.
View this post on Instagram
Гордана, со солзи во очите, нагласи дека за семејството многу значи што бројни колеги и пријатели се одзваа на поканата да учествуваат во програмата, додавајќи дека овој настан ќе стане традиција почнувајќи од оваа година.
View this post on Instagram
– Сакаме секоја година на овој датум да ги собереме луѓето што го сакаа и почитуваа. Ова е најмалку што можеме да направиме за него и за публиката која никогаш нема да го заборави – рече таа.
Foto: print screen/Instagram







