Српскиот фудбалски репрезентативец објави фотографија со својата поубава половина и и се обрати со емотивни зборови.
Денеска е важен ден за Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Немања Гудеља.
Младиот брачен пар ја слави првата годишнина од црковната венчавка која се одржа во манастирот Рајиновац во Грочка. Ги венчаше владиката Стефан, односно Стефан Шариќ, кој инаку, е свештеник на Цеца. На црковната венчавка присуствувале само најблиските членови на семејството и кумовите, а Анастасија облекла едноставен бел фустан, додека Немања избра црни панталони и бела кошула.
View this post on Instagram
Денеска, на овој за нив важен датум, Немања Гудељ преку социјалната мрежа Инстаграм и упати емотивна честитка до сопругата.
– Среќна прва годишнина. Нека драгиот Бог ја чува нашата љубов и брак до крајот на нашиот живот. Те сакам – напиша тој покрај нивната романтична фотографија од Ибица каде моментално се на одмор.
View this post on Instagram
Да потсетиме, парот неодамна склучи граѓански брак, а интимната церемонија беше одржана во домот на семејството Ражнатовиќ во Белград.
фото:Instagram printscreen/ nemanjagudelj