Македонската естрада, поточно поедини пејачки од фолк сцената изгледа имаат нов фетиш… Или барем нова навика, барем на една вечер да се преобразат во она што е синоним за безгрешно, најдобро, најбожествено… во ангели. Небаре се гласници на Бога, а не забавувачи.
Најпрвин пред неколку дена на социјалните мрежи осамнаа фотографии на Сузана Гавазова, на кои таа во фустан со длабоко деколте од провидна бела тантела, со бели крилја меѓу крупните снегулки како паднат еротски дар од снежната небеса, своите обожаватели сакаше да ги маѓепса, како „ангел на гревот“ разголена на снегот!

Само ден – два подоцна уште една нејзина помлада колешка сподели фотографии променета во истиот божиќен „еротско – англески“ аутфит. Македонската учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, на еден од своите претпразнични настапи се појави во бело кусо фустанче со ангелски крилца на грбот и ореол над главата, како уште еден „ангел на гревот“, само не на снегот, туку пред микрофонот украсен со голема светлечка снегулка.

Како празничен „еротски додаток“ на песната, Андријана Петрушовска ги покажа крилцата и разголеното деколте од кое „паѓа вилицата“!

До душа, не така бујна однапред како повозрасната колешка од Струмица, но сепак распената драчевка доволно возбудлива меѓу машката популација да предизвика „лудница“… Од погледи, копнежи и желби, како во старата позната песна која своевремено беше голем хит во некогашна Југославија: „Анѓели нас зову да им скинемо крила“!

За крај остана само дилемата: Кој(а) кому направи „копи-пејст“ на изгледот или „Божја волја“ било сосема случајно да им се поклопат идеите на струмичанката и драчевката? Желбата да се биде оригинална и фатална, макар и како „ангел на гревот“, веројатно е универзална?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/suzanagavazova/andrijanapetrushovska





