Радио Милева здравица на македонско тло...

Триумфот не се слави само со држење на трофејот во рацете: Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Бојан Илиевски покажа дека има нешто многу повеќе од тоа (фото)

Триумфот не се слави само со држење на трофејот во рацете: Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Бојан Илиевски покажа дека има нешто многу повеќе од тоа (фото)

Новиот триумф на Македонија на регионалната музичка сцена преку победата на младиот Бојан Илиевски во деветнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ покажа дека највредните победи се оние што носат искрени човечки врски.

Неговиот ментор, познатиот рок-музичар Ѓорѓе Давид, допатува во Македонија за да помине време со својот ученик и да покажат дека нивната соработка одамна ги надмина границите на професионалното менторство.

-Победата не е само круна на трудот туку и доказ за врската која се раѓа низ музиката. Бојан Илиевски ја крена Македонија на нозе, а неговиот ментор Ѓорѓе Давид уште еднаш покажа дека вистинскиот учител никогаш не го остава својот шампион. Од студио до победнички трон, па се до заедничка прослава на македонско тло- доказ дека музиката не познава граници, стои во описот на заедничката фотографија на Бојан и Ѓорѓе од Скопје каде во друштво се и пејачите Јоце Панов и Огнен Здравковски.

По доминацијата во големото финале каде што освои над 50.000 СМС-гласови, Бојан Илиевски покажа дека успехот не се мери само со златниот пехар.

Наместо веднаш да се впуштат во комерцијални настапи, Бојан и Ѓорѓе уживаат во дружбата низ Македонија, докажувајќи ги вредностите како што е искрено пријателство кое продолжува и надвор од рефлекторите на „Гранд“ продукција, доверба изградена низ заеднички солзи, падови и конечно – кревање на врвот.

Пристигнувањето на српскиот рокер во Скопје е уште еден доказ дека музиката ги спојува луѓето и дека победата е само почеток на една трајна животна врска и силно пријателство кое допрва ќе носи нови заеднички проекти.

Инаку, Ѓорѓе Давид се етаблираше како најголемиот сојузник и поддржувач на македонските таленти, редовно борејќи се за нив во жирито.

Рокерот редовно доаѓа во Македонија, ги посетува своите поранешни кандидати, соработува со нив на музички план и докажува дека менторството за него не завршува со крајот на ТВ-сезоната.

фото:Instagram printscreen/bojan__ilievski

To top