Радио Милева двојна возбуда - ем навивачка, ем еротска...

Три ултрасекси убавици навиваат за Бразил: Две познати Македонки и еден светски топ модел со различни облини во исти бикини!

Три ултрасекси убавици навиваат за Бразил: Две познати Македонки и еден светски топ модел со различни облини во исти бикини!

Фудбалската еуфорија наголемо го зафати светот. Светското првенство во САД, Канада и Мексико го окупира целокупниот спортски интерес на планетата. Збиднувањата на зелениот терен со секој нов натпревар се  се’ поинтересни, но ништо помалку не се возбудливи ниту навивачите. Особено оние од понежниот пол, како сопругите и девојките  на познатите фудбалски мајстори  или и самите познати естрадни, ТВ или модни ѕвезди.

И што е најинтересно, не мора да сте од иста националност, иста држава, иста земја, за да навивате за една иста фудбалска репрезентација. Тоа најдобро со бикини пример го покажаа три ултрасекси убавици кои навиваат за Бразил! Од нив две се познати Македонки, а едната светски топ модел, сите три со различни облини во исти бикини!

Горда на своето потекло

Имено, бразилската манекенка Алесандра Амброзио привлече големо внимание со својата објава на социјалните мрежи, во која покажа како ја поддржува  својата репрезентација. 45-годишната манекенка позираше во костим за капење во жолти и зелени тонови, инспирирана од националните бои на бразилското знаме.

Амброзио стои покрај базенот со бразилското знаме в раце и навивачки повик: „Ајде Бразил“.

Иако со години гради успешна интернационална кариера, Алесандра во бикини во националните бои, покажа колку е горда на своето потекло, додека нејзините следбеници воодушевено покажуваат колку се  возбудени од глетката што им ја приреди нивната миленичка. А возбудата двојна: Ем фудбалска, ем еротска!

Кога сме кај фудбалот и СП, Македонија никогаш досега не се квалификувала, па ја нема ниту на последново. Ама тоа не значи дека некои од познатите Македонки не се страсни навивачки и тоа на истата репрезентација како познатата манекенка.

Македонски Бразилки

Антониа Гиговска, по спектакуларната промоција на новиот албум и медиумската офанзива, уште еднаш покажа дека е „Жена“ за сите прилики, па и спортски. Можеби не се занимава со спорт, освен рекреативно во теретана, ама затоа кога е фудбалот во прашање и таа тргна да им направи реклама на своите фаворити!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Во речиси иста или барем многу слична бикини комбинација со светскиот модел Алесандра, сексапилната македонска пејачка го сподели сиот свој телесен раскош на Инстаграм, за да покаже, ем колку е заводлива и возбудлива, ем за кого на ова СП навива. А, возбудата како и модата кај Антониа  секогаш е со стил, па така и овој пат провокативната бикини фотосесија е во знакот на Бразил. Чукај срце, чукај и не запирај со навивање и гледање… Кој фудбал, кој во природните телесни убавини на оваа млада, возбудлива „Жена“!

Но, поп пејачката не единствената позната македонска убавица која до доцна во ноќите ги гледа натпреварите и навива за Кариоките. Уште една наша ултрасекси дама покажа и потврди дека она што и отчукува на левата страна од телото, под големите силконски гради, чука за Бразил!

Имено, атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова уште пред да почне летото токму од земјата на фудбалот и кафето го најави својот летен предизвик 2026, кој секоја година со својата „Армија Праскички“ го практикува на различна, егзотична, светска дестинација.

А, Рио и Копакабана, летово и тоа како и се погодија на Ана. Затоа и нималку не изненадува за кого тоа заводливата велешанка се определила да навива. Нормално,  ако си воодушевена од земјата во која би сакала да живееш, па макар побарала и азил, разбирливо е да навиваш за Бразил!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

А сексапилната инструкторка тоа го покажа во неколку различни изданија. Од жешки тексас, куси панаталончиња, преку пешкир со бразилското знаме околу половината и извајаната задница, па се до бразилски бикини под тушот, со тангата длабоко потоната во истата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Како и да е едно е сигурно: Убавината во фудбалската игра кога игра Бразил е очекувана, а кога се неговите навивачки во прашање, та биле од било каде, возбудата е повеќе од загарантирана!

Фото: Инстаграм/alessandraambrosio/antoniagigovskaa/annstojanova

To top