Радио Милева во Мелбурн

„Тортата си замина“ – Маријана Новачевска го прослави 61 – от роденден, насмеана во Австралија

„Тортата си замина“ – Маријана Новачевска го прослави 61 – от роденден, насмеана во Австралија

Некогашната пејачка Маријана Новачевска, една од музичкиот дует сестри близначки Маријана и Росана, одамна живее во далечната Австралија.

Иако години наназад ја оддели океанот од родителите, братот, сестрата близначка Росана и целото семејство што ѝ било најважно, таа најде сила да изгради нов живот.

Во Мелбурн, Маријана продолжи да пее – барем за својата душа, а музиката секогаш е блиску до неа, потсетувајќи ја на славните денови на македонската сцена.

Оваа година, 61 – от  роденден таа го прослави интимно во својот дом, заедно со внуката Ева, ќерка на нејзиниот син. Во духовит стил, објави фотографија од прославата и им се заблагодари на сите за честитките:

“Од срце и душа ви благодарам за вашите желби и честитки. Тортата страдаше и си замина во вечните ловишта. Да сте ми сите здрави, живи и насмеани!”– напиша Маријана, додавајќи насмеани емотикони и тагна голем број на луѓе.

Фотографијата веднаш доби безброј лајкови, а честитките се редеа. Маријана останува инспирација – силна, насмеана и полна со музика, дури и на другиот крај од светот.

Фото: Facebook/ print screen/Marijana Novacevska

To top