Ако повеќето за купување на стан отплаќаат крадити пола, па и цел живот, српската пејачка Теа Таировиќ плаќа 300 илјади евра во кеш за стан во Белград, пишува српски Курир.
Со новиот дом, Таировиќ започна и ново животно поглавје, вселувајќи се заедно со својот тазе сопруг.

Нејзината блиска околина открива дека оваа аквизиција ѝ била долгорочна желба, а со својата дисциплина и посветеност успеала да ја реализира без никакви кредити.
Но, тука не застанала. Љубовта кон морето и Црна Гора ја инспирирала да вложи и во втор дом – луксузен апартман во Бока Которска, кој го платила 430.000 евра. Според извори, пејачката била решена нејзиниот летен дом да има пространа тераса со поглед кон морето и модерен безбедносен систем.
фото: Instagram printscreen/tea_tairovic







