Ќерката на познатата инфлуенсерка на Инстаграм Агнеса Органџиева, Тифани наполни 12 години, а нејзината мајка и направи забава која долго ќе ја памети.
Тифани го собра друштвото пред роденденската торта, а Агнеса на социјалните мрежи ја долови атмосферата и со следбениците ги сподели убавите моменти од роденденот.
Тифани ги дувала свеќите од тортата за која ја избрала по своја желба , а потоа и веднаш ја пробала.
– Среќен роденден Тифани, те сака мама – со емотикон од розово срце Агнеса и го честиташе нејзниот најубав ден од годината на кратката приказна.
Таа ги воодушеви сите и со емотивната порака која и ја посвети па и напиша:
– Среќен роденден мое скапоцено девојче. Секоја година сјаеш се посветло. Еве еден ден исполнет со радост и љубов. Уживај во секој момент Тифани. Под објавата на Агнеса се редеа честитките а се забележа и тоа колку нејзината ќеркичка личи на неа.
Агнеса Органџиева не престанува да објавува приватни детали од своето секојдневие на Инстаграм, а приказните на нејзиниот профил, ја привлекуваат заинтерсираноста на голем број корисници на социјалната мрежа поради луксузот кој го покажува.
Фото: printskrin/instagram/agnesaorgandzieva