Мегафон музичко-визуелен пакет емоции...

Тамара направи емотивна промоција на новиот албум: Ем поп дива, ем „Кукла жива“

Тамара направи емотивна промоција на новиот албум: Ем поп дива, ем „Кукла жива“

Аплаузи, овации, извици, вресоци… солзи радосници! Едноставно бура од емоции и досега невидена атмосфера за една промоција на нов албум. Токму тоа се случуваше вчеравечер, четврток, 03 септември во познатиот скопски музички клуб, каде Тамара Тодевска го промовираше својот нов албум „Кукла жива“.

Десет песни- десет видоспота и собрана елитна екипа која работела на песните, креативниот дел, продукцијата, аранжманите, изведбата, стајлингот, спотовите… Целиот материјал отсвирен во живо, снимен во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а зад звучната слика како аранжер и продуцент стои уште едно име – Емин Џијан.

Коста Петров пак задолжен за креативата во музичко-текстуалниот дел, а Сергеј Варошлија консултатнт за стајлингот и секако зад режијата на видеоспотовите – Мартин Трајановски. Се разбира списокот на комплентната екипа од музичари преку хорот, бројните до сите кои на некој начин учествувале во креацијата на овој аудиовизуелен пакет е долг и содржи над 60 луѓе.

По вообичаеното поединечно фотографирање со нејзините гости за срдечно добредојде, модераторот на промоцијата – водителката на МТВ Јана Бурчевска го отвори официјалниот дел со своја приказна во најавата, окаректеризирувајќи го целиот албум како: „Пакет од емоции кои најпрво ќе ве кренат до небесни височини, за веднаш потоа да ве треснат од земја!“

И не дека не е во право, зашто откако беа пуштени видеоспотовите од песните на големиот видеоскрин, беше јасно дека Тамара направила извонредно емотивен музички производ составен токму од микс на емоции! Од гнев и бес, преку пркос и гордост, па се до болка и солзи… Во зависност од песната, стиховите и експресијата која Тамара ги вдахнала и во вокалната изведба и во глумата на видеото.

Самата пејачка, како и најблиските соработници од клубската сцена и самите ја раскажаа приказната, а Тамара искажа посебна благодарност до своите соработници, но и до најблиските, семејството и нејзиниот партнер Лука (кој пак јавно ја даруваше со голем букет цвеќе) за тоа што сите овие месеци ја трпеле во сите можни изданија. Во истовреме пејачката обзнани дека веќе закажаниот концерт на 3. октомври во арената „Борис Трајковски“ го префрла за 7. декември, заради одолговлекувањето со подготовките и снимањето на албумот и спотовите.

По завршувањето на официјалниот дел одново беа пуштени сите десет видеоспота со песните од албумот „Кукла жива“, додека присутните уживаа во неофицијално дружење меѓусебе, а медиумите земаа изјави од Тамара и нејзината екипа најблиски соработници.

Се’ на се’, Тамара Тодевска направи фантастична и мошне емотивна промоција на новиот албум, со што сосема го заслужи епитетот, како што и самата водителка на ја нарече: Ем поп дива, ем „Кукла жива“!

Сите 10 песни и видеата од новиот албум „Кукла жива“ на Тамара Тодевска можете да ги слушнете и погледнете на нејзниот YouTube  канал (КЛИКНИ ОВДЕ).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Фото: Вистина.ком.мк

To top