Македонскиот рапер, кумановецот Драган Величковски, во естрадниот свет попознат како Тајзи, живее период исполнет со љубов, емоции и голема среќа. Откако пред неколку месеци романтично ја запроси својата сакана, а недолго потоа раперот откри и дека тој и неговата свршеница Ангела Анчевска наскоро ќе се остварат во најубавата животна улога и ќе станат родители, сега во етерот ја исфрли и својата нова песна!

Темата има симболичен двоен наслов – „МАМА | АББА“, придружена со официјален видеоспот кој ја носи публиката низ препознатливите пејзажи отсликани во природните убавини и сторијата на Охрид и Ресен.

Новото музичко дело е потпишано од самиот Драган Величковски – Tајзи, кој е автор на музиката и текстот. Аранжманот го изработи Иван Јованов – Iwayo, кој бил задолжен и за миксот и мастерингот на песната.

Видеоспотот е реализиран како визуелна приказна со силен акцент на атмосферата и локациите, но длабоко во себе носи силна порака која навидум потсетува на времето во кое живееме, а всушност е исконска и универзална: „Каде оди овој свет?“

Режијата и монтажата ги потпишува Даниел Јовески, сценариото за видеото е на Tајзи, додека директор на фотографија (DOP) е Кристијан Теодоров.

„МАМА | АББА“ носи силна енергија вдахновена во препознатливиот стил на Tајзи, кој комбинирајќи го модерниот звук и личниот израз со визуелниот пристап ја надополнува приказната на песната за светот кој навидум постојано се менува, а суштински во него од искона па се’ до денес – ништо не се менува.

„Постојат песни што не се создаваат – тие се раѓаат. Доаѓаат како искра, како откровение, и едноставно се излеваат низ твоите прсти за да ја пренесат пораката што треба да биде слушната. Ова не е само песна и спот. Ова е визија преточена во звук и слика. Патување низ длабочините на духот, емоцијата и вистината. Подгответе се за будење на сите ваши сетила. Со благодарност ви го претставувам еден од најголемите проекти во мојот живот“ – споделил Тајзи на својот Инстаграм канејќи ги сите да го погледнат видеото и слушнат песната..

Како сето тоа звучи и изгледа,проследете од видеото во продолжение…






