Сите кои воопшто се запознаени со односите меѓу семејствата Ражнатовиќ и Гудељ не го криеја изненадувањето кога ја видоа фотографијата што ја објави фудбалерот на Севиља по повод 8 март.
На исто место во исто време трите најважни жени во животот на Немања Гудељ – сопруга, мајка и сестра.
Притоа, беше јасно дека „секирите се закопани“, ако воопшто ги има, како што се шпекулираше пред месеци, откако Немања се заљуби во убавата ќерка на Цеца Ражнатовиќ.
Наводно, Оливера Гудељ не била задоволна од љубовниот избор на нејзиниот син, па ја напуштила Севиља со ќерката Вања и се вратила во Холандија каде што некогаш живееле сите. Таа не беше ни на неговата свадба.
Сепак, како што тврдат упатените, а пренесува Курир.рс, Оливера никогаш не била против снаата, туку само сакала да се почитуваат правилата на семејството, а тоа се заедништвото, блискоста и посветеноста на религијата.
Анастасија покажа дека ги исполнува сите три услови кога заедно со свекрвата неодамна присуствуваше на свет чин, причестувањето на Немања.
Впрочем, младата пејачка потекнува од семејство каде религијата, традицијата и обичаите се многу почитувани. Од друга страна, Гудељ учествувале во основањето на српската парохија со седиште во Марбела.
– Ги познавам скоро 20 години, од кога децата беа мали. Небојша и Оливера живееја тивко, со луѓето од црквата секогаш се однесуваа како да се семејство. Додека живееја во Холандија, децата дојдоа да се поклонат, сите се радувавме – рекол своевремено нивниот свештеник таму.
– Јасно е дека се работи за чесно и добро семејство, кое и своите наследници ги воспитувало во духот на православието, чесноста, скромноста, со акцент на зачувување на српската традиција и култура – додаде тој.
Значи, свекрвата на Анастасија Гудељ има строги правила, а со нив очигледно се согласува и избраничката на нејзиниот син.
фото:Instagram printscreen/ nemanjagudelj