Дека естрадната професија е пакет од повеќе нешта оддамна познато. Добра песна, скап спот, лас, стас, стајлинг, танцување, однесување, скандали… формулата за успех ја знаат и „децата мали“. Арно ама некои работи зависат и од среќата, а Бога ми и од географскиот хендикеп, зашто не е исто да си пејач роден во Њујорк, Лондон или берлин, во Белград, Загреб или Скопје… Ма не е исто ни да си од српска Житораѓа и од струмичко Дабиле.
Затоа можеби сите оние што се северно од нас, секогаш ни се поголеми ѕвезди, иако е неретко многу дискутабилно дали се и подобри пејач(к)и, поубави, поинвентивни, поквалитетни…? Сепак тие се таму, на тоа јазично подрачје, на тој пазар, близу до таа шоу-биз индустрија, а ние овде. Можеби затоа нашите естрадни уметници и се трудат да им се приближат на оние од соседството, сакајќи да пејат, да изгледаат, да се облекуваат, да се однесуваат како нив…?
Арно ама, во полза на тезата дека и ние умееме да бидеме пред нив, само не умееме тоа добро да го измаркетираме и уште подобро продадеме, е и последната фотосесија на две балкански фолк ѕвезди. Една српаска, една наша, македонска.
Имено, уште кон крајот на минатата 2025-та, значи уште пред Нова Година ја објавивме тогаш новата фотсесија на Сузана Гавазова.

На неа, како паднат еротски дар од снежната небеса и кога надвор најмногу студи, Сузана Гавазова занеше неодолива возбуда да понуди.

Тогаш македонската фолк пејачката во деколтирано бело како „ангел на гревот“ се сликаше разголена на снегот!
Не помина ниту цел јануари, кога на Инстаграм еве ја српската фолк ѕвезда Тијана Милентијевиќ, позната по прекарот „жена од султана“, даден според првиот хит кој ја прослави, сега и таа со најнови секси фотографии.

И ништо не би било чудно, ниту необично , она што го има на незјината најнова фотосесија да нее 100%-на копија на предновогодишната фото објава на Сузана Гавазова. И тоа од „А“ до „Ш“ или ако повеќе сакате, од пиксел до пиксел!

И идејата и стајлингот и истите пози… Очигледно некој решил српската пејачка „да ја вози“ на веќе видена фора. На фотсесијата освен ликот другото нема разлика… Тијана е „плукната“ Сузана. Кој не верува и самиот нека спореди, откако добро обете фотосесии ќе ги прегледа.

За крај останува само прашањето, кој „ја насанка“ српската ја фолкерка Тијана Ем „да ја преслика“ Гавазова?

Кој и го „смести“ на „жена од султана“ да ја ископира наша Сузана?

Освен ако и двете не си играле со вештачката интелигенција?!
Фото: Инстаграм/tijanamilentijevic.official/suzanagavazova




