Радио Милева добро смислен маркетинг

Сопругата на Канје Вест реши да ја открие причината зошто редовно се шета гола во јавност

Сопругата на Канје Вест реши да ја открие причината зошто редовно се шета гола во јавност

Новата уметничка изложба на Бјанка вклучува женски модели облечени во латекс кои позираат чудно, како да се „мебел од луѓе“. Во меѓувреме, сподели и зошто излегува практично гола во јавност.

Бјанка Ценсори најмногу внимание привлекува со нејзините разголени, некогаш и вулгарни изданија, но сега се најде во фокус поради бизарна изложба.

30-годишната сопруга на Канје Вест, која по професија е архитект, направи уметничка изложба во Јужна Кореја со женски модели кои позираат провокативно, но и бизарно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Censori (@biancacensori)

Моделите се наместени така што изгледаат како „покуќнина од луѓе“, додека самата Бјанка има улога на „домаќинка“ со мошне чуден изглед.

Има модели кои претставуваат столови, маси, па и лустер.

И моделите и Бјанка се облечени во костими од латекс.

Очекувано, Бјанка се соочи со критики – некои велат дека изложбата е вознемирувачка, а други велат дека е очигледно дека пробувала да копира познати уметници.

„Зошто луѓето го поддржуваат ова?“

„Интересно. Жените се сексуализирани предмети? Ајде и мажите да ги претвориме во предмети“.

„Како е ова уметност?“

„Профилот на Бјанка е еден од највознемирувачките“.

Бјанка планирала уште неколку вакви проекти во наредните неколку години за кои нема откриено други детали.

Во меѓувреме, даде и бизарно интервју во кое откри зошто излегува практично гола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Censori (@biancacensori)

За интервјуто, поради некоја причина, Бјанка најмила жена да ги одговара прашањата место неа. Жената е именувана како „Бјанка 2“.

Бјанка не излегувала гола за да привлече внимание, туку тоа било начин да се искаже себеси како артист.

„Жена која е постојано во очите на јавноста е принудена да гледа како се множат различни верзии од неа, без нејзина согласност. Луѓето проектираат, измислуваат, бришат. Затоа таа ги обликува верзиите што другите ги создаваат – тие фантомски верзии“.

Како што вели во интервјуто, Бјанка сакала да биде своја и разголените изданија биле начин да го постигне тоа.

Притоа, воопшто не ѝ пречеле многуте критики, па дури ни можните казни за голотија во јавност.

„Бјанка ги гледа социјалните мрежи неутрално, не е емоционално инвестирана во нив. Не бара величање или критики, но обрнува внимание како се формираат двете и како циркулираат“, вели „Бјанка 2“ во интервјуто.

фото:Instagram printscreen/ biancacensori/ photo credit by:noahpdillon

To top