Познатата македонска инфлуенсерка, модел и однеодамна горда сопственичка на ексклузивната модна линија „ Mitroff“, атрактивната струмичанка Љупка Митрова по „љубовниот бродолом“ со „големиот брат“ од Куманово, за прв пат проговори на тема љубовна интима.
Таа во своето интервју за „ТВ Хајп – Македонија“ ја отвори душата па отворено призна дека е во љубовна врска… Од широката насмевка, блесокот во очите и озареното лице лесно може да се заклучи дека сексапилната убавица е „заљубена до уши“… од “горе до доле“, како што самата призна, во еден Џоле!
Имено, на прашањето како стои на љубовен план, Љупка за прв пат јавно призна дека е во врска и тоа сериозна, по прв пат откако долго беше сама. А самотијата ја избрала токму како последица на „љубовниот бродолом“ од претходната врска, за да си докаже дека заслужува малку повеќе да се сака себеси, повеќе самопочит и свртување кон својата личност.
Токму впо тој период една друга позната струмичанка, инаку нејзина блиска пријателка, по професија психолог, но во јавноста позната како атрактивна фитнес инструкторка – Софија Манчева, ќе се обиде да и помогне во пронаоѓањето сродна душа. Но, Љупка во прв момент нема да биде заинтересирана „за машката понуда“ на пријателката, зашто смета дека маж во тој момент не и треба.
Сепак како ќе поминува времето, еден дождлив ден возејќи се двете на релација Струмица – Скопје во автомобилот, „универзумо тќе го направи своето“, па еден телефонски повик ќе смени се’! Најмногу животот на Љупка! Вајбер комуникацијата со идната љубов станува поинтензивна, се до еден снежен зимски ден кога во нејзината Струмица ќе падне снег „до колена“, а вториот телефонски повик ќе биде судбоносен.
Тој е во Солун и ја вика на гости, а таа би дошла, ама снегот ја спречува да вози… Неа можеби да, но, него не, па „фаталната привлечност“ е дотолку поголема, што ништо не може да го одврати тој да дојде кај неа во Струмица и… доаѓа! Топлата насмевка и сјајот во очите, таа љубовна енергија конечно ќе и (до)каже дека… Тоа е тоа! Судбоносна средба по која љубовта пламнува!
View this post on Instagram
Започнува љубовната романса на Љупка Митрова која и ден денес опстојува, за таа сега да биде „ем насмеана од уши до уши“, ем заљубена, од „горе до доле“ во истиот тој… Џоле!
Ако не ви е јасна до крај приказната, погледнете го видеото и слушнете ја истата од прва рака, од самата Љупка Митрова…
Фото и видео: Јутјуб/HYPE TV Makedonija/Инстаграм/manchevas/ljupka_mitrova