Радио Милева стабилна на секаков терен...

Снеже Велков „стиховито“ појасни „како вози“ низ животот: „Имам километража, али и даље шибам со мењачот у рака“!

Снеже Велков „стиховито“ појасни „како вози“ низ животот: „Имам километража, али и даље шибам со мењачот у рака“!

Роденден… Тој волшебен збор, кој најмногу го сакаме, денот што го чекаме цела година. Секако, најмногу додека сме деца… Тогаш радоста е најголема, заради подароците што ги добиваме, заради другарчињата кои се собираат да се дружиме, заради тортата и свеќичките, заради прегратките, бакнежите и честитките…

Кога ќе пораснема роденденската радост не дека ја нема, ама некако е поинаква… До душа понекогаш повеќе, понекогаш помалку возбудлива, ама сепак… Роден си е роденден и кога сме веќе во зрели години, зашто секоја година е добродојдена. Се разбира, ако знаете со возраста и годините да се носите.

Ова е универзално правило кое важи за сите, па и за познатите.  Дека годините се дар од Бога колку и да се, добро знае и таа, познатата ТВ водителка Снеже Велков, која до душа физички  изгледа дупло помлада од што ги има, а сепак е благодарна на она што е фактичка состојба која и стои во личната карта – двојно повеќе возрасна од што изгледа.

Иако на дамите не им се бројат годините, роденденот беше повод Снеже „стиховито“ да појасни, како тоа „вози низ животот“.

Годините до душа никогаш не ги ни криела, ама сега ептен „се отвори“, па проговори како тоа и одолева на возраста во која навлегла. И тоа гледано од сите страни и агли, по сите можни стандарди… Иако има километража, стабилна на секаков терен, се’ уште шиба со мењачот у рака… по автопатот на животот!

Снеже Велков и нејзините 4 х 4… преточени во стихови:

Моите 44

Гледано и од напред и од позади.
И анфас и профил.
И по вакви и по онакви стандарди.

Нит барам две по 22 вода да ми носат,
нит пак сум 18 годишна со 26 години искуство.

Сега сум ти 4×4.

Имам километража,
ама сум стабилна на секаков терен.
И по угорници,
и по дупки,
и по кал…

А како шибам на автопат – ехееј!

Само уште ми е мака да се префрлам на аутоматик.
И даље шибам со мењачот у рака.

Што знам…
за мене кумплунгот уште има драж.

Живи ми биле!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze

To top