ТВ водителката Снеже Велков неодамна доживеа непријатна ситуација – среде бел ден во центарот на Скопје и украдоа еден од нејзините најдраги предмети: велосипедот. Снеже тогаш веднаш ја пријави кражбата во полиција, придружена со снимки од видео-надзор, надевајќи се на брзо разрешување.
Разочарана од оваа честа појава во Македонија, се обрати на социјалните мрежи со прашање: „Дали овие кражби некогаш завршуваат со среќен крај?“

Одговорите беа песимистички, но Снеже, на која ова очигледно и е прво искуство од ваков вид, доби и пораки на надеж, оставајќи простор за позитивен исход.
И еве – по подолг период, Снеже се огласи со новости. Таа го покажа новиот велосипед пред следбениците, а за стариот откри шокантна вистина: полицијата го фатила крадецот на лице место.
Тој бил повратник и зависник, добил две и пол години затвор. Но, за жал, велосипедот исчезнал без трага и глас. Снеже со оваа случка нѐ потсети дека правдата работи, иако не секогаш го враќа изгубеното.
Foto: printscreen/instagram/velkovsneze







