Радио Милева сите за убавина, таа од мака...

Сите ги зголемуваат, а таа ги намали градите: Андреана Чекиќ можеби веќе не е така однапред бујна и лична, ама веќе не ја ни боли кичма (ФОТО)

Сите ги зголемуваат, а таа ги намали градите: Андреана Чекиќ можеби веќе не е така однапред бујна и лична, ама веќе не ја ни боли кичма (ФОТО)

Андреана Чекиќ е една од ретките на естрадата која наместо да вгради силикони, ги намали природните гради. Како што пишуваат медиумите, пејачката оваа процедура ја направила кон крајот на јуни, а сега за прв пат се појавила со новото „деколте“ на социјалните мрежи.

Андреана, да потсетиме, долго време ја мачеше проблемот со бујните гради и конечно реши да ги намали.

„Андреана ги намали природните гради бидејќи некое време имаше проблеми со ‘рбетот, а мислеше дека малку помали гради подобро ќе и прилегаат и дека ќе се чувствува подобро во секоја смисла“ – изјавил тогаш извор за Телеграф.

„Операцијата ја направи пред повеќе од еден месец, темпираше да биде пред шпицот  на летниот период кога пее речиси секоја вечер. Закрепнувањето помина навистина добро, таа се чувствуваше навистина одлично веќе неколку дена по процедурата. Сега е презадоволна“ – истакна изворот.

Вистинската можност да ги покаже своите облини е токму на море.

А бидејќи Чекиќ моментално е во Грција, таа ги почести своите обожаватели со провокативни фотографии кои ги објави на својот Инстаграм.

И градите ги покажа… Но, не на плажа!

Фото: Инстаграм/andreanacekic

To top