Радио Милева предновогодишно патување

Симона Поповска го покажа празничното расположение во Виена: Декорациите како од божиќен филм

Симона Поповска го покажа празничното расположение во Виена: Декорациите како од божиќен филм

Пејачката и докторка дерматолог Симона Поповска предновогодишно отпатува во Виена, и оттаму  се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа во живо ја почувствува празничната идила на едно од најпознатите божиќни места, па од магичната атмосфера сподели и пред нејзините следбеници.

– Не само момент. Сегашност. Виена.

 

Впечатливо од новогодишните украси беше црвената машна пред која таа се фотографирала, но и останатите декорации не останаа помалку забележани од нејзиниот апарат.

Декорациите кои ги сними привлекоа внимание, а главниот град на Австрија покажа дека личи како сцена од божиќен филм.

–  Доаѓа Божиќ – потсети Симона, во описот кој го остави покрај најновите фотографии кои ги објави.

Симона зимската идила ја надополни со нејзиното присувство, а градот стана уште поубав додека таа шеташе низ центарот покажувајќи ја празничната идила.

Foto: print screen/Instagram/simonapopovskaofficial

To top