Ана и Мирче Радуловиќ неодамна се решија на развод по 11 години брак, а во заедничката изјава беше наведено дека повеќе нема да коментираат за разводот.
Сепак, прва проговори Ана, која на Инстаграм испрати порака дека „оваа година беше силна, а следната сака да биде среќна“.
По неа, слична мистериозна порака испрати и музичарот.
„Што е тоа што ги тера луѓето толку да лажат, да се залажуваат и да живеат во илузија, што е тоа, што? Не разбирам“, напиша Мирче, а потоа ја отстрани објавата.
Се шпекулира дали ова било упатено до водителката.
Да потсетиме, во соопштението нагласија дека виновникот за разводот не е трето лице. „Со оглед на тоа што и двајцата сме дел од јавниот живот, сакаме да ве информираме дека донесовме заедничка одлука за разделба. Заради интересите на нашиот син, повеќе нема да се огласуваме, коментираме или да даваме изјави на оваа тема. Виновникот не е трето лице, ниту семејно насилство, туку наша одлука е, затоа ве молам, од горе наведената причина, да нема шпекулации, ниту наслови од сомнителен карактер. Ви благодариме за секогаш прекрасната соработка, на која се надеваме и во иднина, и веруваме дека ќе ја почитувате нашата одлука, а и ќе разберете зошто повеќе нема да зборуваме на оваа тема“, стои во објавата на Ана Радуловиќ.
фото: printscreen/instagram