Авантурите на познатиот телевизиско кулинарски шеф Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка никогаш не престануваат, тие секогаш имаат агенда и тоа не било каква, туку далечна и разбирливо возбулива, особено во месец јануари кога кај нас е зима.
Тие редовно се полни со апетити и страст да почувствуваат посебен, егзотичен, романтичен одмор, овој пат зимско – летен полн со предизвици и љубопитство за сите културолошки знаменитости и секако гастрономијата со африкански шмек.
-Започна авантурата во Занзибар… кој сака топло … 30 степени повелете, голем поздрав од Танзанија, стои во поздравот на Марк.
View this post on Instagram
Марк и Василка уживаат за сите пари со јадење, пиење и спиење на постела од егзотични цветови од богатата и магична природа…

А оттаму да се покаже има многу, прилично многу од се’ она што имаат прилика да го густираат.
Очигледно дека на оваа хармонична брачна двојка поголемо задоволство за сетилата им прават топлите краишта, бидејќи во време кога сите се на снег по планините, тие избраа спротивна алтернатива.

Убави спомени и доживувања кои се мелем за душа, стоплена и исполнета со многу љубов.
фото:Facebook/Marc De Jongh





