Радио Милева за арно, за убаво

Шеф Боби поради повреда го снема од пред ТВ екраните, а сега во негова чест се славеше наголемо (ВИДЕО)

Шеф Боби поради повреда го снема од пред ТВ екраните, а сега во негова чест се славеше наголемо (ВИДЕО)

11-тата сезона на кулинарското „Брза кујна“ набрзо по старот остана без шеф Боби Симоновски во тимот на пиперките од зелената кујна.

На негово место дојде заменскиот шеф Зоки кој се до изминатиот петок беше заедно со Никола, Сања и асистентите пред камера.

Од денес(понеделник) пред камерите повторно се враќа Боби кој беше на домашно закрепнување откако се здоби со повреда на ногата, па како што вели од пред камери, завршил пред телевизорот како гледач.

-За беља навистина требало малку….Едно мало невнимание и сега и јас сум гледач на „Брза Кујна“.
Но со Господ напред за брзо ќе се вратам таму каде што ми е најубаво, во зелената кујна и тимот на пиперките.

Сепак, за среќа оваа повреда веќе е непосакувано минато, а за нештата да тргнат на убаво, шеф Боби славеше – јубилеен 40-ти роденден, ама и за шефовскот камбек.

Две торти и забава на ниво каде беа присутни најдрагите кои наздравија во чест на роденденот и сите убави работи кои следат…

Изминатиот период верните гледачи на „Брза кујна“ преку социјалните мрежи наголемо го бараа шеф Боби назад на својата позиција, а по подолг период најполсле се’ се враќа по старо, па и со една година постар шеф.

фото:Instagram printscreen/sanja_saveska/simonovskiboban

 

To top