Радио Милева Инцидент на настап

Сенидa мораше да го прекине концертот во Хрватска поради непријатна ситуација

Сенидa мораше да го прекине концертот во Хрватска поради непријатна ситуација

Балканската пејачка Сенида Хајдарпашиќ, позната како Сенидах, доживеала непријатна ситуација за време на настапот во познат клуб на островот Крк во Хрватска, поради што во еден момент морала да го прекине концертот.

За време на настапот, пејачката ненадејно ја прекинала музиката и им се обратила на организаторите и на обезбедувањето. Од нив побарала да го пронајдат човекот од публиката кој, според наводите, ја гаѓал со мраз.

Сенида од сцената јасно ставила до знаење дека нема да продолжи со настапот доколку ситуацијата не биде решена.

„Вака, кој виде? Ве молам, ве молам, само ако можете да го средите тоа, инаку нема да продолжиме. Само тоа сакам да го кажам“, им порачала пејачката.

Како што раскажал еден од очевидците, поединци од публиката во неколку наврати ја гаѓале пејачката со мраз за време на настапот, што ја налутило.

„Секогаш ќе се најде некој што мисли дека е премногу паметен, па ја гаѓаа со мраз“, рекол очевидецот.

Откако реагирало обезбедувањето, ситуацијата се смирила, а настапот можел да продолжи.

To top