На 67. доделување на Греми наградите, раперот Канје Вест и неговата сопруга наводно биле исфрлени од церемонијата. Имено, на црвениот тепих Бјанка Ценсори ја соблече црната бунда и го покажа целосно голото тело, а набргу по тој скандал наишле на санкции.
Фотографиите од голото тело на Бјанка Ценсори го обиколиле светот, а бројни медиуми се обиделе да стапат во контакт со нејзиното семејство. Нејзината мајка Александра Ценсори дала краток коментар за „Daily Mail Australia“.
„Ние сме нормални луѓе кои се трудат да го живеат животот што е можно понормално. Немам што да кажам за Бјанка, благодарам“, рекла таа.
Папараците ја уловиле Александра додека си заминувала од работа, а таткото на Бјанка Лео ги избегнал фотографите.
Своевремено се пишувало дека Бјанка му го свртела грбот на семејството и дека повеќе не ги посетува, а и странските медиуми пишувале дека семејството е сериозно загрижено за нејзината иднина. Анонимен извор тврди дека Лео бил лут што Канје Вест го претворил неговото семејство во „ѓубре“.
Некои од нејзините најблиски наводно итно побарале разговор со Бјанка за да се обидат да и докажат дека Канје управува со неа како што сака.
Да потсетиме дека Бјанка се омажила за раперот Канје Вест во декември 2022 година, само еден месец откако тој го финализирал разводот со Ким Кардашијан. На многумина им е жал за Бјанка бидејќи веруваат дека нејзиниот сопруг манипулира со неа и ја искористува за да привлече дополнително внимание кон себе.
фото: You Tube printscreen/ E! News