Нада Топчагиќ поседува неколку имоти, како во главниот град на Србија, така и во западна Србија, како и на црногорското приморје, а сега за белградските медиуми откри дека се сели од дуплексот што го поседува во срцето на Белград.
– Се иселуваме од станот на Косанчиќево венац, секогаш е гужва, нема каде да паркирате кола – изјави на почетокот Нада за Блиц, а на прашањето дали ќе го даде станот на продажба или под кирија, таа рече:
-Нема да се продава, ќе го издавам . Тој стан ќе им го оставиме на синот и снаата. Се работи за дуплекс од 150 метри квадратни, на одлична локација. Не знам кога ќе се преселиме, затоа што верувајте не наоѓаме кој да го пренесе сето тоа, сега се треба да се расчисти, бојадиса, а не можете да најдете никој.
Пејачката истакна и дека сѐ уште не знаат каде ќе биде нивната нова резиденција, но едно е сигурно, станот ќе го наследат нејзиниот син Мирослав и неговата сопруга.
фото: printscreen/instgaram/topcagicnada