Радио Милева сите да видат

Се скараа, па се смирија или…?! Вака помина Денот на вљубените за Тамара и Лука

Се скараа, па се смирија или…?! Вака помина Денот на вљубените за Тамара и Лука

Три години откако јавноста дозна за нивната љубовна врска, пејачката Тамара Тодевска и архитектот Лука Радовиќ изгледаше како да ставија точка и се’  тоа поради едно видео кое го објави пејачката.

Неодамна Тамара сподели духовито видео во кое преку реплика од серијата „Белиот лотос“ на хумористичен начин покажа како изгледа кога една слободна мајка повторно оди на љубовен состанок.

Објавата која инаку денес е избришана, тогаш повторно го отвори прашањето: Дали Тамара Тодевска е повторно „сингл“ бидејќи годината преку неколку патувања ја почна без партнерот.

Сепак, по околу месец дена, Тамара деновиве реши јавно да му честита роденден на Лука и пред јавноста да покаже дека иако не се следат по социјални мрежи, тие функционираат на начин кој секако познат им е само нив.

Роденденска втора шанса или љубов која нема заборав? Тамара со јавна порака за Лука – „Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш!“

 

 

-Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави, стои во описот на заедничката фотографија направена во месец мај лани за свреме на нејзиниот концерт каде пееше за настраданите во Кочани.

По роденденот, викендов беше и Денот на заљубените, па тука дојде и моментот да се види како стојат нештата од следната етепа на љубовната серија за Тамара и Лука.

Масивен букет од црвени ружи од него за неа, а објавата споделена и кај двајцата кои повторно се вратија на стара релација и на Инстаграм.

Се скараа, па се смирија или тука има уште нешто кое навидум стои нејасно, а знаат само тие двајцата и секако блиското опкружување.  Јасно е едно, љубовта решила да не си замине, туку наголемо да се врати за денот на вљубените или нешто поинтензивно да делува…?

Да ве потсетиме, врската меѓу Тамара и Лука стана јавна во 2023 година, по нејзиниот развод од Александар Димитровски – Мачка.

Таа отворено и јавно зборуваше за новата љубов, а често споделуваа и заеднички моменти на социјалните мрежи.

фото: Instagram printscreen/ tamaratodevska

To top