Познатата струмичанка Љупка Митрова, сопственичката на модниот бренд Mitroff, викендов го кажа судбоносното „Да“.
Таа романсата со својот избраник Георги кој е од Скопје, но живее во Солун, конечно ја круниса со брак.

Па токму таму во Солун, македонската инфлуенсерка со саканиот ја извршија и венчалната церемонија.

Љупка на својот Инстаграм веднаш ги сподели фотографиите на кои тие позираат исполнети со емоции. Таа блесна во ексклузивната кратка венчаница креација од нејзиниот бренд Mitroff , пред раскошната декорација.

Свадбената прослава била исполнета со пријатели, роднини и познати, а атмосферата со одлична музика која ги расположила сите присутни.
View this post on Instagram
Парот е во љубов повеќе од една година, во месец април, додека беа на романтично патување во град Рим, Георги ѝ подари на Љупка прстен со жолт дијамант и клекна на колено пред неа.
foto:Instagram printscereen/ljupka_mitrova




