Поранешната задругарка и српска старлета Маријана Зоњиќ, рано утрово роди здраво девојче.

Таа објави фотографија од своето малечко, на нејзиниот Инстаграм профил, кое го крсти Алексија.
Потоа Маријана проговори и откри како се чувствуваат таа и бебето.

– Ова чувство не може да се опише со зборови. Алексија е тука! Ја држев во раце првите неколку минути и чувството е неверојатно! Слушнав луѓе како велат дека ова чувство е неописливо, па, се согласувам – рече Зоњиќ и додаде:

– Алексија тежи 3.400 грама и е долга 53 сантиметри. Породувањето помина добро, сè помина добро, а таа доби десетка – рече поранешната задругаркa, Маријана Зоњиќ.

foto: Printscreen/Instagram/marijanaa_zonjic



